Се судрија трамвај и автобус во Загреб – едно лице загина

by Fokus

Едно лице загина во судар на трамвај и автобус утрово во Загреб, информираа од полицијата во кусо соопштение.

Од загрепската полиција велат дека несреќата се случила утрово околу 5 часот и 15 минути на кружниот тек Запруѓе на авенијата Дубровник под Мостот на младоста.

„Околу 5 часот и 15 минути во Загреб на авенијата Дубровник се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа трамвај и автобус без патници, во која едно лице загина. Трамвајскиот сообраќај е во прекин, а роторот полека се движи“, соопшти загрепската полиција.

Околностите кои довеле до трагедијата ќе бидат познати по завршување на полициската истрага која е во тек.

 

Поврзани новости