Се судрија камион и автомобил на патот Велес-Градско, двајца повредени

by Fokus

На 04.02.2025 околу 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, во близина на клучка Караслари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(28) од с.Ваташа, кавадаречко и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.У.(61) од Косово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник П.К.(60) од с.Долно Соње, општина Сопиште, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани новости