258
Четири лица се повредени во судир на патнички и товарен воз во Србија.
Српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура соопшти дека патнички воз што сообраќал меѓу Ратково и Оџак налетал на задниот дел на товарен воз.
„Четири лица се повредени, а машиновозачот има повредено рамото. И патничкиот и товарниот воз се движеле од Нови Сад кон Богојево, а до несреќата дошло кога патничкиот воз го престигнал товарниот воз и удрил во последниот вагон на товарниот воз“, стои во официјалното соопштение.
Железничката комисија за истрага на вонредни настани спроведува истрага, со цел со сигурност да се утврди кој е одговорен.
Првичните информации од терен укажуваат дека причина за несреќата е човечки фактор.