Најмалку 20 луѓе се повредени кога воз во метрото во Њујорк излета од шините откако се судри со друг воз со мала брзина.
NYPD соопшти дека седум патници и еден член на екипажот биле пренесени во болница.
Во близина на станицата „96-та улица“, воз во метрото со околу 300 патници се судрил со воз кој не бил во функција со четворица работници кои работеле на сопирачките на возот, соопштија полициските службеници.
New York City subway train derails in collision with another train, injuring more than 20 people https://t.co/dBlVWS6g10
— CP24 (@CP24) January 4, 2024
Тие додадоа дека нема непосредни индикации дека станува збор за дефект на опремата и дека иследниците испитуваат дали човечката грешка ја предизвикала несреќата, пренесува АП.
New York City subway train derails in collision with another train, injuring more than 20 people https://t.co/PHQu67IqMK
— CTV News (@CTVNews) January 5, 2024
Најмалку 20 возила за итни случаи присуствуваа на местото на настанот, вклучувајќи полиција, пожарна и брза помош.
Несреќата предизвика големи пореметувања во сообраќајот низ Менхетен за време на попладневниот метеж во четвртокот, соопштија властите.
New York City subway train derails in collision with another train, injuring more than 20 people https://t.co/5by1WCMr00 pic.twitter.com/AujV9cJyaR
— Ottawa Sun (@ottawasuncom) January 5, 2024
Пожарникарите им помогнале на патниците да излезат од возот на метрото, како и на неколку стотици луѓе од друг воз кој не учествувал во судирот, но поради судирот морал да застане во тунелот.
Застарениот систем на метрото Њујорк во последниве години се бори со прекини на електрична енергија, проблеми со сигнализирање и други дефекти.