232
МВР информира дека вчера во 17.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с. Штука, општина Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник, и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.К.(61), двајцата од село Штука, општина Босилово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.К., а со повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.