Се судрија два камиони во близина на село Раец, тешко повреден едниот возач

by Fokus

На 11.03.2025 во 19.35 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на с.Раец, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Поврзани новости