Се судрија бродови во Будимпешта по што еден потона, седум лица починаа, по 19 се трага

by fokus

Седум лица загинаа додека 19 се водат за исчезнати откако се судрија два брода во Дунав во центарот на Будимпешта. Полицициски екипи, спасувачи и екипи на Брза помош од синоќа се на местото на несреќата.

Сударот се случил околу 21.00 часот недалеку од Парламентот на Унгарија, по што еден од бродовите се превртел и потонал. Како што јавуваат унгарските медиуми на овој брод имало претежно туристи, односно околу 33 патници од Азија.

Поврзани новости