Се судрија 4 возила на експресниот пат Штип – Радовиш

by fokus

Сообраќајна несреќа се случила на експресниот пат Штип – Радовиш, во близина на затворот Штип, објави ТВ 21.

Во несреќата учествувале 3 патнички и едно товарно возило, а на терен интервенираа пожарникари од ТППЕ Штип, како и Брзата помош.

Засега нема информација за состојбата на патниците.

Фотографија: ТВ 21

Поврзани новости