Северна Кореја ја засили безбедноста на својот лидер Ким Џонг Ун поради стравувањата од можен обид за атентат, според јужнокорејското разузнавање.
Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (НИС) ја даде оваа оценка денеска за време на седницата на парламентарната комисија, според јужнокорејските пратеници, пренесува Јонхап.
НИС им кажала на парламентарците дека, поради можни обиди за атентат, Северна Кореја го подигнала нивото на безбедност во околината на Ким со користење возила за блокирање на комуникациите и опремата за откривање дронови, бидејќи Ким оваа година се појавил во јавноста 110 пати, што е околу 60 отсто повеќе во однос на истиот период лани.
НИС, исто така, објави дека овој месец Пјонгјанг престанал да го користи календарот „Juche“, кој во сè одговара на Грегоријанскиот календар, освен што почетната година е 1912 година, годината на раѓање на основачот на земјата, Ким Ил Сунг.
НИС укажува и на напорите насочени кон зајакнување на позицијата на Ким Џонг-ун како единствен лидер на Северна Кореја.