Расправија која настанала затоа што не се почитувал редот во пекарата каде се купувал рамазански леб е причина за физичката пресметка која заврши со пукање во скопски Чаир, дознава Фокус. Инцидентот почнал со тепање, а завршил со пукање, при што едно лице се здоби со прострелна рана.
Настанот се случил околу 18 часот во близина поликлиниката Бит Пазар во Чаир. Во тепачката учествувале две групи. На една страна биле повредените 20-годишниот А.Б. и 23-годишниот А.Б. а на другата страна биле четворица. Случаен минувач се обидел да ги раздели групите, но и тој настрадал. Со повреда на носот е пренесен на Клиниката за уво, нос и грло при Клинички центар.
Инцидентот се случил на улица „Петре Ѓорѓиев“ за поликлиниката „Битпазар“. Од една страна биле лицата А.Б. (20) и А.Б. (23), а од друга страна лицата Х.Б., Х.Б., С.А. и А.А. .Сите повредени се во стабилна состојба.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.