Се степале ученици во училиштето „Јахја Кемал“

by fokus

Во приватното гимназиско училиште „Јахја Кемал“ вчера дошло до инциденти откако се степале ученици.

„Вчера околу 11:00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во ходник на училишниот кампус „Јахја Кемал“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници на возраст од 15 (од Скопје) и 17 (од Куманово) години. Во присуство на старатели, на двајцата малолетници им бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, соопштија од полицијата.

 

Поврзани новости