636
Четворица скопјани синоќа по полноќ се степале за време на фестивалот во Дојран поради паркинг. Од МВР соопштија дека против сите четворица ќе бидат поднесени соодвените поднесоци за нарушување на јавниот ред и мир.
„На 14.07.2019 во 01,15 часот во Стар Дојран во близина на плажата Свети Никола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка од страна на А.К (31) од Скопје, Љ.М(42) од Скопје, од една страна и И.М(21) од Скопје и Б.А(21) од Скопје од друга страна. До нарушувањето дошло по претходна расправија околу паркирање на возило. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.