599
Татко од Скопје пријавил дека дошло физичка пресметка помеѓу неговиот 15 годишен син и наставник од училиштето.
„На 25.02.2020 во 19,00 часот во СВР Скопје, Х.Ф.(43) од Скопје пријавил дека околу 16,20 часот во училиште на ул.Фуштанска во Скопје по претходна расправија дошло до физичка пресметка помеѓу неговиот 15 годишен син и Н.М. наставник во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.