Се степаа тренерот и напаѓачот на Партизан

by Fokus

Тренерот на белградскиот фудбалски клуб Партизан – Игор Дуљај физички се пресмета со напаѓачот на „црно-белите“ Квинси Мениг на натпреварот против Спартак во Суботица!
Неколку минути пред Дуљај да си ја „отвори душата“ за тешката финансиска состојба на црно-белите, тој влезе во физичка пресметка со напаѓачот!

during the Mozzart Super Liga 2023/2024 match between Spartak and Partizan at City stadium of Subotica on October 20, 2023 in Subotica, Serbia. (Photo by Srdjan Stevanovic/Starsport.rs ©)

Се играше 87. минута кога Квинси Мениг беше подготвен да влезе во игра, но во таа 87. минута се судри со тренерот на страничната линија пред целиот стадион и поради тоа не ни стапна на теренот.

Помошник тренерот Алберт Наѓ го воздржа Дуљај, а Мениг беше отстранет од местото на конфликтот од соиграчите Матеуш Салдања и Синиша Саничанин.

during the Mozzart Super Liga 2023/2024 match between Spartak and Partizan at City stadium of Subotica on October 20, 2023 in Subotica, Serbia. (Photo by Srdjan Stevanovic/Starsport.rs ©)

Сè се смири по неколку моменти и натпреварот заврши мирно – со убедлива победа на Партизан, кој сега е лидер во Суперлигата и со седум бода повеќе од Црвена Звезда, но очигледно и со значителни проблеми на повеќе нивоа.

Мениг веќе ја игра третата сезона во Партизан, но на последните два меча не настапи, додека претходно беше заменет во 64. минута.

Дуљај во оваа фаза од сезоната повеќе му верува на нововлезениот Гајас Захид на левата страна од теренот, а очигледно има голем проблем со Холанѓанецот.

Поврзани новости