58
Утрово околу 07 часот во Валонија, Белгија се случил трагичен настан при што загинал еден полицаец, а двајца други се повредени.
Имено, според информациите на тамошните медиуми, полицијата добила повик да го претресе семејниот дом, а ситуацијата ескалирала кога мажот се забарикадирал во куќата, што довело до вооружен судир со полицијата.
Во инцидентот животот го загубил еден полицаец, додека двајца негови колеги се здобиле со повреди.
Целата област во предградието Лоделинсарт во моментов е блокирана додека полицијата истражува и ја обезбедува безбедноста на граѓаните.
Белгиската полиција на крајот успеала да го уапси осомничениот.