Се собраа парите за операција на Менче: Се чувствувам веќе оздравено, фала ви од срце!

by fokus

За неполни 24 часа се собраа потребните 5.500 евра за младата Стаменка Трповска, на која и е дијагностицирана коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена.

Таа побара помош и преку социјалните мрежи и за рекордно брзо време се собраа потребните средства за операција, благодарение на хуманите граѓани ширум земјава.

„Не ми се верува дека во рекорно време се собраа парите. Навистина сме најхуманата нација на земјава и тоа ме радува многу бидејќи како на мене, така и на многу други луѓе им треба нашата помош. Се чувствувам веќе оздравено и се гледам себеси како се враќам на својот стар и спортски живот т.е. просто кажано на нормалниот живот. Операцијата најверојатно ќе биде почеток или средина на август, ќе видиме. Македонија, горда сум на тебе. Фала ви од се срце на секој поединечно“, ни изјави Стаменка.

Ј.Ц.

Поврзани новости