Отворена е сметка за донации за велешанката Пале И. (23) која ја издржува мерката домашен притвор во својот дом во Велес, во мрак, со исклучена електрична енергија поради неплатен долг од околу 40.000 денари.
Додека го чека судењето, таа престојува во куќата која ја наследила од нејзиниот починат татко, а истата додека беше во притвор била целосно ограбена. Крадците и однеле се, а дека таму се случувал грабеж, забележале соседите во момент кога арамиите се обидувале да и го украдат и клима уредот, по што повикале полиција.
Веста дека домот на Пале е ограбен за ,,Фокус” вчера ја потврди нејзина блиска роднина, која живее во странство, и појасни дека велешанката минува низ доста тежок период, среде зима седи со газиена ламба, а храна и носел вујко и.
На страницата на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство е објавена сметката на која хуманите граѓани можат да донираат, со цел да се подмири долгот на Пале, бидејќи таа не може да заработува.
Пред настанот, кога кон крајот на септември лани, борејќи се за својот живот со нож го прободе А.Р. (40), кој ја давел, а со кого живеела во вонбрачна заедница, и од кого трпела семејно насилство, таа работела во странска фабрика во Кавадарци.
Поради состојбата во која се наоѓа, односно поради притворот и судењето кое и претстои, таа не може да заработува и нема никакви примања.
-Сите што сакаат да помогнат да се покријат сметките за струја може да донираат на жиро сметката на Интервентниот Женски Фонд.
Жиро сметка: 200003247799194
Стопанска Банка АД Скопје- објавија од Националната мрежа против насилство врз жените.
Вики Клинчарова