475
Во текот на вчершаниот ден се случила тепачка во затворот Идризово, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 12,15 часот во Казнено поправна установа -Затвор Идризово, во амбулантното одделение, настанала тепачка помеѓу затворениците М.З.(36) и Д.Р.(42), при што на Д.Р. му се нанесени тешки телесни повреди констатирани на Клиника за максилофасцијална хирургија, каде што е задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.