Се славело во кафани и куќи, а охриѓанец наместо во изолација се тепал на улица

by Frosina Fakova

Кривични пријави се поднесени против неколкумина граѓани за непочитување на здрасвтвените прописи, бидејќи во време на пандемија славеле во големи групи, а охриѓанец наместо во изолација се тепал на улица.

Единицата за внатрешни работи Гази Баба поднесе кривична пријава против еден скопјанец и еден државјанин на Германија бидејќи на 8 август организирале семејна прослава во угостителски објект кој подолго време не работел. Истата единица поднела кривична пријава и против други двајца скопјани кои на 1 август во куќа во Идризово славеле Курбан Бајрам.

Кривична е поднесена и против триесет и тригодишен охриѓанец кој на 8 јули наместо во самоизолација, излегол од дома и се степал на улица „Туристичка“.

 

Поврзани новости