562
На денешната седница во Собранието изби вербална расправа помеѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Тој истакна дека кога ќе побара процедурално обраќање кон пратениците, првиот човек на Собранието е должен да му го дозволи тоа.
„Оди си на место. Јас не сум нервозен, оди си на место, кога ќе ти дојде време ќе се обратиш“, му рече Џафери, а Мицевски врати:
„Не сме кај тебе дома претседателе Џафери. Кога координатор на пратеничка група кога ќе побара процедурално обраќање, претседателот на Собранието е должен да го дозволи тоа. Сигурно сега нема да се расправаме за оваа работа тука“, истакна Мицевски.