Се шири пожар кај Делогожди, зафатена е борова шума, на помош испратен и хеликоптер на МВР

by Fokus

Во атарот на село Делогожди во општина Струга, на депонијата е избувнат пожар, при што е зафатена и блиска борова шума, информираат од ЦУК.

Како што се наведува, во моментот се присутни две противпожарни возила и четворица пожарникари и шестмина вработени од ЈП „Национални шуми“, подружница „Јабланица“ од Струга.

Заради опасноста од проширување на пожарот кон место што е непристапно за гаснење на пожарот од земја, побарана е воздухопловна поддршка и во моментот на информирање, воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица на МВР, за гаснење на опасниот пожар е на пат, соопштија од ЦУК.

Поврзани новости