Се шири листата на фудбалери од Серија А кои се обвинети за нелегално обложување

by Fokus

Обложувачкиот скандал во Италија зема се поголеми размери.

Фото-папарацото Фабрицио Корона, човекот кој го откри скандалот јавно објави уште три имиња на фудбалери кои, наводно, се вмешани во обложување на фудбалски натпревари.

Тој во интервју објави дека покрај Тонали, Фаџоли и Заниоло, проблем со обложување имале и Стефан Ел Шарави (Рома), Федерико Гати од Јувентус и фудбалерот на Лацио – Николо Касале.

Засега нема конкретни информации за нивната вмешаност во скандалот.

Инаку, Фаџоли е суспендиран на седум месеци од фудбалот поради обложување. Призна дека учествувал во обложување на фудбалски натпревари, што е забрането во Италија, но исто така посочи дека ќе се лекува од зависност од обложување и ќе помага на другите да се справат со оваа зависност.

Поврзани новости