Неколку соларни системи експлодираа во домовите на луѓето ширум Либан, според Националната новинска агенција, повредувајќи најмалку едно девојче во јужниот либански град Ал-Захрани, пишува Гардијан.
На социјалните мрежи кружат слики од експлодирани соларни панели, читачи за отпечатоци од прсти и други уреди, иако не е јасно дали тие експлодирале сами или едноставно биле во близина на уредите воки-токи што експлодираа.
Четиринаесет лица загинаа, а најмалку 450 се повредени во експлозија на воки-токи низ Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
Многумина се ранети на стомакот и рацете, рече изворот.
Безбедносниот извор на Си-Ен-Ен потврди дека воки-токите биле кренати во воздух во серија експлозии денеска.
Си-Ен-Ен објави слики од експлодираните воки-токи. Се уште нема потврда дека се работи за автентични фотографии.
Прелиминарните информации сугерираат дека имало меѓу 15 и 20 експлозии во јужните предградија на Бејрут и уште 15 до 20 експлозии во јужен Либан, рече изворот.
Воки-токи се користат поретко од пејџерите што експлодираа во вторникот, бидејќи тие биле дистрибуирани само на луѓе кои организираат масовни собири, како што се погреби и маршеви.
Новинарите на Би-Би-Си со седиште во Бејрут велат дека граѓаните се многу недоверливи кон некој што користи мобилни телефони или други комуникациски уреди.
„Неколку пати нашиот тим беше запрен од луѓе кои ни викаа да ги спуштиме телефоните. „Се чини дека комуникацијата е нарушена, додека возилата за итни случаи се обидуваат да пристапат до патиштата кои се блокирани“, рече новинарот на Би-Би-Си.
BREAKING:
Causes of explosions in Lebanon today include pagers, walkie-talkie radios, fingerprint machines, and solar energy systems. pic.twitter.com/5igvzo9hMO
— Globe Eye News (@GlobeEyeNews) September 18, 2024