„Се сеќаваме на најмрачниот ден во поновата историја на нашата држава, 27 април“, порача Спасовски

by Fokus

На денешен ден, пред три години се случи упадот на голема група граѓани во Собранието на нашата држава и беа нападнати новинари, сниматели и пратеници и останати функционери од државниот врв.

Премиерот Оливер Спасовски преку својот фејсбук-профил се присети на тој ден, како што го нарече „најмрачниот ден во поновата историја на нашата држава“.

Денеска се сеќаваме на најмрачниот ден во поновата историја на нашата држава.На 27 април 2017 година, со монструозна…

Publiée par Oliver Spasovski sur Lundi 27 avril 2020

„На 27 април 2017 година, со монструозна намера и со насилство беше организирана и спроведена злосторничка акција од лидерите на тогашната владеачка партија кои беа решени да се задржат на власт по секоја цена, без чувство за последиците на нивните мрачни амбиции.

Упадот и обидот за окупација на домот на македонската демократија беа агресија против секој граѓанин на Република Северна Македонија и на темелите на парламентаризмот. Нивните постапки не беа само организиран криминал, туку беа предавство на идеалите и принципите на слободата и демократијата“, стои во објавата на Спасовски.

Поврзани новости