Се самозапали штипската депонија поради жешкото време

by Фокус

Депонијата „Трештена Скала“ во Штип попладнево се самозапали од високите температури.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за МИА изјави дека причина за денешниот пожар на депонијата се високите температури, за разлика од пред неколку дена, кога непознат сторител на неа исфрлил индустриско масло.

-На депонијата се пожарникари со две цистерни со вода и багер. Од гаснењето со вода се издига чадот, додека со помош на багерот се потрупува со земја – вели Јорданов.

Иако депонијата од градот Штип е оддалечена над десеттина километри, сепак граѓаните можат да го видат црниот чад, но и да чувствуваат смрдеа.

Поврзани новости