Се самозадоволувал пред две девојки во Градски парк

by Fokus

Триесет и шестгодишен скопјанец се самозадоволувал пред две девојки во Градски парк, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 01.00 часот во Полициската станица Центар, И.Н.(24) од Скопје пријавила дека на 28.06.2018 година околу 23.30 часот во Градски парк, додека била во друштво со своја пријателка Е.К., забележале машко лице кое што во нивна непосредна близина вршело полови дејствија, односно се самозадоволувало. По пријавувањето на настанот полициски службеници го затекнале лицето на место на настанот.

Се работи за З.Ш. (36) од Скопје, тој бил лишен од слобада и приведен во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани новости