Се самоуби српскиот ракометар Новак Бошковиќ

by fokus

Српскиот ракометар Новак Бошковиќ извршил самоубиство во семејниот дом во Црвенка. Според белградските медиуми, 29-годишниот Бошковиќ си пукал со пиштол во глава.

За време на самоубиството, во станот била неговата сопруга, а мотивот за самоубиство ќе биде утврден во текот на истрагата.

Бошковиќ играше на десната позиција. Ракометарот роден во Сомбор за време на неговата кариера го носеше дресот на Копер, Макаби Тел Авив, Татабања и Динамо Букурешт.

Тој имаше и пет настапи со десет голови за репрезентацијата на Србија. Тој беше член на селекцијата на ЕП 2016 година.

Поврзани новости