Се самоуби српскиот актер Бојан Лазаров

by fokus

Српскиот актер Бојан Лазаров (50) вчера изврши самоубиство во Белград, скокајќи од мостот на Ада на земјена површина. На самото место на трагедијата бил оставен неговиот автомобил „опел астра“ во кој било пронајдено и прошталното писмо.

Лазаров долго време се борел против депресија, а веќе имал еден неуспешен обид да си го одзеде животот пред две години. Позади себе остави две деца, кои ги добил во бракот што завршил со развод.

Освен по улогите во матичниот театар „Душко Радовиќ“, публиката го препознава и по филмовите „Смрт човека на Балкану“ и „Београдски фантом“, како и по телевизиските серии „Државни службеник“, „Ургентни центар“ „Тајна винове лозе“.

Лазаров е роден во 1972 година, а вчера тој трагично го заврши својот живот. Тажната вест за неговата смрт ја објави на Инстаграм и актерката Јелена Ѓокиќ, која се збогуваше со него. Со него на Твитер се збогуваше и „Југословенскиот драмски театар“.

Поврзани новости