Во драматична бркотница со полицијата, се самоуби момчето на исчезната македонска студентка по актерство Адеа Шабани во Лос Анџелес.
Според американските медиуми, 33-годишниот Кристофер Спотц си го одзел животот со неколку куршуми откако не успеал да и избега на полицијата во Калифорнија.
Според службените извештаи, пак, Спотц управувал со украдена Тојота за која се претпоставува дека е поврзана со убиството на 25-годишната Македонка Шабани.
Но, приватниот детектив на семејството Шабани не потврдува дали навистина се работи за убиство, туку вели дека потрагата по девојката е се уште активна.
Инаку, Шабани се води за исчезната од 23 февруари, а американските власти нудат награда од 25.000 долари за корисна информација која ќе помогне за пронаоѓање на македонската студентка.