805
Градоначалникот Петре Шилегов вечерва објави дека екипи на градот го рушат “Медицинар”, кој се наоѓа во близина на Инфективната клиника.
-Го рушиме Медицинар во Клинички центар за потребите на просторот околу Инфективна клиника. Го помагаме Министерството за здравство и Клиничкиот центар, напиша Шилефов на фејсбук.
“Медицинар” во минатото беше студентски дом, но со години во овие бараки не се вселуваа студенти поради лошите услови.