449
Се роди првото бебе од сурогат мајка во Македонија, по речиси три години откако државата со закон го дозволи сурогатството. Бебето ги носи гените на биолошките родители, сурогат-мајката е само икубатор, објави Нова Македонија
Според информациите на весникот, сурогат-мајка била 44-годишна жена. Таа се нафатила да ја износи бременоста затоа што биолошката мајка немала матка. Гинекологот доц. д-р Зоран Петановски и медицинскиот тим што го предводел тој направиле ин витро со јајце-клетки на биолошката мајка и со сперматозоиди на нејзиниот сопруг, а потоа оплодени ембриони вметнале во матката на 44-годишната жена. Ин витрото било успешно и по девет месеци се родило бебето. Сите се во одлична здравствена состојба.