Се разведува финската премиерка во заминување

by fokus

Премиерката на Финска во заминување, Сана Марин, поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Маркус Раиконен, со кого беше во брак три години.

Ова денеска беше објавено на Инстаграм профилите на поранешниот премиер и Раиконен.

– Благодарни сме за поминатите 19 години заедно и нашата сакана ќерка. Ќе останеме најдобри пријатели – напишаа во одделни стории на Инстаграм.

Марин и Раиконен, кои до неодамна работеа во иста компанија, имаат петгодишна ќерка. Тие се венчаа во 2020 година додека Марин беше на функцијата.

– Заедно ја живеевме младоста, заедно влеговме во зрелоста и станавме родители на нашата мила ќерка – напиша Марин на Инстаграм по нејзината венчавка со Раиконен во август 2020 година.

Марин и нејзината Социјалдемократска партија загубија на минатомесечните избори во Финска.

Триесет и седумгодишната Сана Марин стана најмладата премиерка во светот кога ја презеде функцијата во 2019 година.

Поврзани новости