Се разговарало за можната „инвазија“ на Русија врз Украина

by Fokus

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба разговарале за можна „инвазија“ на Русија во таа земја, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Се наведува дека распоредувањето на руската армија создало нови закани и страв од инвазија, а шефот на дипломатијата на ЕУ „ја потврдил силната и континуирана поддршка на Европската унија за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина“. Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба се согласија за клучниот принцип: одлуките за безбедноста на Украина може да се носат само со Украина, а со ЕУ за европската безбедност.

Поврзани новости