395
Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија синоќа се разбуди и исфрли жешка лава, но немаше големо исфрлање на пепел и нема информации за штета, јави ДПА.
Аеродромот во градот Катанија продолжи со работа и утринава, иако италијанскиот институт за геофизика и вулканологија го подигна нивото на опасност од жолто на портокалово.
Во далечината, можеше да се види вжештена лава и остатоци како се фрлаат во темнината, а потоа полека паѓаат по планината. Југоисточниот кратер на вулканот бил поактивен.
Етна е најголемиот активен вулкан во Европа и е висок околу 3.300 метри.