Популарното шоу ,,Глумците пеат” кое ќе се одржи на 29-ти март во Национална опера и балет е експресно распродадено, известија од организацијата, а поради големиот интерес закажана е и втора претстава која ќе се одржи на 30-ти март во НОБ.
Во продукцијата учествувале 40 актери и 20 музичари, во режија на Дејан Пројковски, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.
Првото издание на ,,Глумците пеат” се одржа во Универзална сала на 26-ти март 1992 година и потоа стана традиција. Голем број на наши актери запеаја на шоуто, чиј творец беше актерот Марин Бабиќ, кој почина во 2022 година.
Настанот лани повторно се врати, по подолга пауза, а зад враќањето стои неговата ќерка Маја Бабиќ. И минатата година интересот на публиката беше голем, и билетите се распродадоа за неколку недели.
Вики Клинчарова