Проблемите кои го следат МНТ, како еден од проектот „Скопје 2014“, никако да се решат а постојано се појавуваат нови.
Оградата на МНТ одамна е веќе во лоша состојба, а фотографиите сведочат дека ништо не е променето во изминатиот период.
Оградата е изронета во најголем дел, што доволно покажува колку истата не било квалитетно направена. Директорката на МНТ, Симона Угирновска за „Фокус“ го изрази своето разочарување што во МНТ секоја година по нешто се реновира.
„Како приоритет беше оценето протекувањето во објектот и системот за ладење и греење. За жал, не може ни Министерството за култура да одвојува само пари за една институција. Секоја година по нешто се реновира. И покрај тоа што е пуштен во употреба пред осум години“, вели Угриновска.
Јорданчо Цветаноски