Бистата на Народниот херој на Југославија и една од најголемите партизански икони, Раде Кончар, се распаѓа опркужена со отпад во дворот на компанијата ,,Раде Кончар” во Скопје.
Околу тоа како и кога бистата на херојот завршила буквално на буниште, нема одговор. Вработени во кругот на компанијата, кои ги забележавме во дворот на истата, велат дека дури и не ја приметуваат бистата, бидејќи откако работат таму, со години наназад, таа била на истото место.
-Ако веќе ја сликате, почекјате да го тргнеме каменот што некој го ставил на главата на Кончар, најверојатно за да се пошегува – ни велат, на што им одговараме дека нема потреба, за да остане глетката автентична и на фотографиите.
Инаку, компанијата ,,Раде Кончар” која го добила името според херојот функционира околу 70 години на пазарот и е познат бренд во регионот. И голем број на компании и средни и основни училишта, најмногу технички и електротехнички во поранешните Југословенски републики го носат неговото име.
Тој бил стрелан во мај 1942 година во Шибеник заедно со уште 25 антифашисти од страна на Италијанската војска. Негов споменик стои и во кругот на фабриката ,,Кончар Сименс” во Загреб.
Вики Клинчарова