Посетителите на приморското одморалиште известија дека „Big One“, порано познат како „Pepsi Max Big One“, најголемиот тобоган во Велика Британија, наеднаш застанал.
Оние кои се нашле на тобоганот висок 72 метри биле водени на застрашувачка прошетка по огромни скали за безбедно да се симнат од возењето.
Обучениот персонал безбедно ги „прошетал“ сите по скалите во рок од 30 минути, пишува „Дејли мејл“.
„Имаше мал технички проблем и безбедносниот систем на возењето функционираше точно како што треба и го запре возот веднаш на лифтот, како мерка на претпазливост“, потврди портпаролот на Блекпул.
Еден од посетителите кој бил во паркот забележал дека возењето е прекинато.
„Видовме дека се заглави и можевме да видиме како луѓето се симнуваат од возењето“, рече тој.
Во тоа време, на 11 април, персоналот ги замолил патниците да одат до земјата во придружба на персоналот, при што возењето морало да остане затворено до крајот на денот.