475
Поради технички проблеми со озвучувањето во новата зграда на Кривичен суд, судењето за предметот Титаник мораше денеска да продолжинво старата зграда на судот.
Микрофоните во судот престанаа да работат по паузата од еден час.
По неколку неуспешни обиди на техничарите да го оспособат озвучувањето, судијата Осман Шабани одлучи да продолжи со рочиштето во стариот објект.
Судењето денеска почна во 10.00 часот и имаше две паузи. Главната расправа по овој предмет се уште не е почната.
М.В.