582
Комунални служби се на терен и заедно со екипите од ЈП „Паркови и зеленило” ги расчистуваат скршените гранки, дрвја и предмети од силниот ветер во Скопје.
Од општината соопштуваат дека акцијата ќе продолжи и во утринските часови и порачуваат граѓаните да избегнуваат паркирање на возилата под големи крошни на дрвја.
Во Скопје вечерва дува силен ветер со брзина од околу 70 километри на час. Во делови од градот има откорнато покриви и дрвја кои го попречуваат сообраќајот. Во скопската населба Хром кратко време имало и премин на напојувањето со електрична енергија.