259
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема никаков основ за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши. Тој нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таква интерпелација.
– Апсолутно, нашиот став е јасен како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ова е незрело, би рекол глупаво однесување на коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица и дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши. Ние нема да ја поддржиме таквата иницијатива, изјави Мицкоски.