Се работи на многу случаи поврзани со високи функционери на ДУИ, порача Мицкоски

by Fokus

Мицкоски вели дека Али Ахмети и ДУИ се обидуваат да ја дефокусираат јавноста и да го поларизираат населението по можност етнички, откако стигнуваат информации од секаде од светот како потврда за нивното криминално однесување. Но, како што рече, Владата нема да го дозволи тоа.

„Многу случаеви се работат поврзани со високи поранешни функционери на ДУИ и јавноста многу скоро ќе види кој е во суштина вистинскиот мотив на актуелното раководство на ДУИ. Најмалку се грижат за што требале да се грижат, тие повеќе се грижат да го заштитат капиталот за кој што постои основано сомнение дека е криминално стекнат“ рече Мицкоски.

Поврзани новости