Во моментов има валидни над 1300 дипломатски пасоши, а меѓу нив се актуелни и поранешни функционери, судии, обвинители, директори на јавни институции, академици, раководни лица од верските заедници, пратеници, уметници, спортисти, градоначалници, лекари, еден новинар, но и лица на кои одамна им поминал мандатот и функцијата, но сепак и натаму се на списокот на МНР, објави НоваТВ.
Според информациите на медиумот, дипломатски пасоши поседуваат поранешниот и актуелниот претседател Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов, како и неговата сопруга Маја и синот Иван. Членови од Кабинетот на Иванов и негови соработници.
Исто така дипломатски пасош поседуваат и поранешните премиери Никола Груевски, Емил Димитриев, Владо Бучковски, Хари Костов, Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана, поранешните спикери во Парламентот, Трајко Вељаноски и сопругата Сузана, Љубиша Георгиевски, екс генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски, поранешни и актуелни пратеници.
Екс претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска и судијката Александра Поп – Стефанија. Поранешниот ректор Велимир Стојковски, разрешениот директор на Државниот архив, Филип Петровски. Ракометарот Кире Лазаров, одбојкарскиот тренер Јошко Миленкоски, пијанистот Симон Трпчески, пејачката Калиопи Букле, директорот на Танец, Зоран Џорлев и многу други личности кои од МНР добиле дипломатски пасош.
Фото: НоваТВ