Бисерниот ѓердан и обетките што ги носеше покојната британска принцеза Дијана на едно од нејзините последни јавни појавувања ќе бидат понудени на аукција во јуни годинава.
Во јуни 1997 година, принцезата Дијана присуствуваше на изведбата на Лебедово езеро на Британскиот национален балет во Ројал Алберт Хол во Лондон каде што носеше ѓердан од пацифички бисери и дијаманти.
Нејзините фотографии од таа вечер го обиколија светот и двапати беа објавени на насловната страница на списанието People, вклучувајќи го и изданието со тврд повез од 1998 година.
Дело е на златарницата „Гарард“, а во дизајнот на ѓерданот учествувала и самата Дијана. По балетот, таа го вратила парчето во „Гарард“ за да може да се направи и пар соодветни обетки. Но, во меѓувреме, таа почина во сообраќајна несреќа во Париз.
Комплетот познат како „Лебедово езеро“ ќе биде понуден на аукција во хотелот „Пјер“ во Њујорк на 27 јуни.
Ѓерданот се состои од 178 дијаманти и седум бисери од Јужното Море во платина. Дијамантите имаат вкупно повеќе од 50 карати.