430
Со изведување материјални докази во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.
Досега се презентирани 1.800 од околу 5.900 материјални докази, предложени од СЈО.
Се презентираат лични документи, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи.
Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.
Судот по бегството на обвинетиот Никола Груевски во Унгарија одлучи да му се суди во отсуство.
Освен Груевски во Титаник обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.