Се преврте приколка со 200 овци, настрадале 68 и еден битолчанец

by fokus

68 овци настрадаа, а сопатник во товарно возило марка „Фиат ивеко“ бил повреден откако се превртела приколка која превезувала 200 овци.

„На 18.10.2018 година околу 12,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Мавровската крстосница, товарно возило „Фиат ивеко“ со битолски регистерски таблици, управувано од А.П.(30) с.Новаци-битолско, а кое превезувало 200 овци, загубило контрола и излетало од коловоз, при што се превртела неговата приколка. Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Р.Р.(50) од Битола, а настрадале 68 овци. По овластување на Јавен обвинтел, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

За настанот вчера пишуваше „Фокус“ и објави страотни фотографии од мртви овци. Според очевидци целиот пат изгледал како кланица.

Сообраќајот се одвива по само една лента, а вџашени луѓе кои се нашле на местото на случката барале ветеринар да дојде на местото за да им помогне на повредените овци.

Поврзани новости