Се преврте „бмв“ на булевар во Тетово, двајца се повредени

by Fokus

Две лица се повредени откако вчера во Тетово се преврте на покрив возило марка „бмв“. Настанот се случил околу 19 часот на булеварот „Маршал Тито“.

Во Тетово, во близина на Културен дом, патничко возило „бмв со тетовски регистерски таблици управувано од лицето Л.Ш.(18) од тетовско Ларце, изгубило контрола над возилото и се превртело на покрив“ се вели во полицискиот извештај.

Според првичните информации, во незгодата со скршеници се здобил сопатникот В.И.(26) од истото село, додек возачот Л.Ш. поминал со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информираа од тетовската полиција.

Поврзани новости