Се преврте автомобил пред граничниот премин „Богородица“

by Fokus

Министерството за внаштрешни рабпоти соопшти дека  се превртело возило на дваесетина километри пред граничниот премин „Богородица“. Според полицијата, до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола и удрил во ограда.

„Денеска околу 8.20 во СВР Струмица е пријавено дека на автопатот А1 после тунелите кон клучка Миравци, патничко возило „цитроен Ц5“ со босански национални ознаки, излегло од коловозот, удрило во заштитната ограда и се превртело на патот. Лицата од возилото се пренесени во медицинска установа, но досега не се пријавени констатирани повреди. Увидот е во тек“, соопшти МВР.

Сообраќајот се одвива само во една лента, а полициски службеници го регулираат. Екипа на Брза помош веднаш пристигнала на место на несреќата, објави Локално.мк.

Поврзани новости