Се преврте автомобил на пат кон велешко езеро – две жени повредени

by fokus

Две женски лица се тешко повредени во сообраќајка што се случила доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица кога автомобил се превртел движејќи се кон велешкото езеро „Младост“.

-Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен , а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет, изјавила за МИА д-р.Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.

Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хируршкиот оддел при велешката болница, за понатамошно лекување.

На лице место увид на несреќата, направила екипа на СВР Велес.

Поврзани новости