642
Автобус на „Житиа турс“ вчера вечер околу 22 часот излета од патот и се преврте кај местото Велики Купци во близина на Крушевац, Србија.
Како што пренесуват српските медиуми повредени се најмалку 11 лица, а се претпоставува дека патниците се претежно од Косово и Метохија бидејќи автобусот сообраќал на релација Приштина – Грац.
Повредените патници биле транспортирани во болницата во Крушевац. Повеќе детали за несреќата се очекуваат денес.